(ФОТО) Стравични сцени во близина на Радовиш – крвав велики петок, тела висат од уништените возила

Поради сообраќајна незгода за која се уште не се споделуваат детали, во прекин е сообраќајот кон Штип.

Имено, од Авто мото сојузот на Македонија, соопштуваат дека, сообраќајот на магистралниот пат Радовиш – Штип, во близина на „Алкопласт“, од 18:05 часот е во прекин.

Причина за прекинот, како што се наведува во соопштението на АМСМ, е сообраќајна незгода.

Од фотографиите кои што започнаа да кружат на социјалните мрежи се забележува стравичната сцена од несреќата.

Уништени возила и тела од нив кои висат се сведок на ужасот.