(ФОТО) Сузана Гавазова реши да го израдува сопругот Јасмин
Општо познато е дека приватниот живот на славните личности секогаш привлечен за обичниот човек, па со право и интересот и љубопитноста да се дознае нешто плус.
Како и за сите познати личности од јавниот живот, истото важи и за Сузана Гавазова, една од најдобрите македонски фолкерки и воедно најбарани.
Сузе ја има буквално сегде, што прослави, што настапи по локали, но и на отворено. Едноставно публиката си ја сака Сузе, а таа знае како да возврати и да направи забава за паметење.
Нејзиниот Фејсбук профил е полн со слики од настапи насекаде, и со слики од нејзините фанови како се фотографираат со неа.
Освен тоа Сузе е докажана и на приватен план каде е посветена и грижлива мајка на двете ќерки Емили и Селена кои ги има со сопругот Јасмин кој е по потекло од Босна а заедно живееја во Шведска.
Па токму Сузе за Јасмин реши да му подготви еден вид изненадување и да го израдува, а за што станува збор откри на својот инстаграм профил.
„Денес правиме босански сатараш“ напиша Гавазова од кујната