(ФОТО) Татјана Стојановска на луксузно патување со крузер – уживаат во брачниот живот
По една деценија заеднички живот, ТВ презентерката и Мис на Македонија 1992, Татјана Стојановска се венчаше со својот долгогодишен партнер, Михаил Китановски.
Свеченоста по повод венчавката се одржала во хотелот Александар Палас во Скопје, а познатиот стилист Александар Дадар се погрижил за шминката и фризурата на невестата, која важи за една од најубавите жени кај нас, со децении застапена на малите екрани.
Пред пет години пак, во естрадниот магазин Бекстејџ, таа кажа дека пет години живеат заедно со Михаил без потпис, и дека најважно за неа било да е покрај вистинскиот човек, без разлика дали ќе се одлучат за брак или само за заедничко живеење.
Според објавите на нивните социјални мрежи, Татјана и Михаил периодов го минуваат на луксузен крузер MSC Cruisers со кој веќе неколку дена по ред посетуваат различни држави. Франција, Шпанија, Италија се само дел од земјите до кои патуваат.
Инаку, MSC Cruises може да се пофали со една од најдобрите флоти на извонредни модерни крстарења. MSC e компанија со италијанско потекло, започна со пловење во 1970 година. Оттогаш таа создаде име за себе во индустријата за луксузни крстарења. Едно седумдневно крстарење со крузерот чини нешто повеќе од 2.000 евра во овој период.