ФОТО: Тошо Малерот по подолго време се појави во јавноста: Еве како изгледа денес
Многу генерации израснаа со скечевите на популарното „К-15“, нивната сатира и смисла за хумор претставено во ликовите на Цацко, Тошо и Миле.
На Тошо најчесто му се случиваат не згоди и неправди, па оттаму и неговиот прекар Малерот. Тошо често користи ,,фраерскиот” израз и е познат по фразата „батка“ која ја користи кога се обраќа некому но и по навика.
К-15 е основано и оригинално го сочинуваат Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски, но често се појавуваат и други глумци. Тројцата основачи се исто така и дел од сценаристите и режисерите.
И ден денес нивните скечеви се доста популарни и гледани и знаат да не насмеат. Васко Тодоров попознат како Тошо Ма лерот беше еден од најкултните ликови.
– Роден сум во Радовиш овде живеев три години, по што се преселивме во Скопје, повеќето роднини ми се токму од овде. Татко ми е агроном додека мајка ми е просветен работник.
– Ми недостига ,,к-15″ недостига и на сите други, мило ми е што и новите генерации растат со тие скечеви, вели носталгично Васко.
– Народот одлучи толку долго да издржиме на тв екраните, започнавме како радио емисија и потоа сето тоа прерасна во нешто многу поголемо кое за ж ал го нема веќе 10 години.
– Во Австралија бев 3,5 години, и да ви кажам ништо посебно. Дојдов овде да се видам со роднини и пријатели, и тогаш ситуацијата со вирусот се искомплицира и јас останав тука, кажа Васко во едно од неговите последни интевјуа.
– Таму сменив многу работи, најмногу работив во Фабрика, друго е да отидеш во Австралија на 20 друго е како мене на 50 години.
Денес по подолг период тој повторно се појави во јавноста односно водителот Роберт Јанков сподели фотографија со Васко на кое се гледа дека тој се уште ја држи таа позната негова насмевка и се држи добро во однос на годините.