(ФОТО) Човек да не може да препознае дали е таткото или синот: Огнен е оргинал копија на Стево Пендаровски
Првата дама на Македонија,Елизабета Ѓоргиевска често можеме да ја видиме во јавноста и е доста активна на социјалните мрежи.
Ѓоргиевска е редовен професор на Стоматолошкиот факултет во Скопје и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.
Таа е магистер и специјалист по педијатриска и превентивна стоматологија од 2002 година, а од 2006 година е доктор на науки. Има остварено неколку истражувачки посети на универзитети во Велика Британија, Белгија и САД, а исто така работела на неколку меѓународни истражувачки проекти.
Има објавено повеќе од 90 трудови. Била член на организациските и научни комитети на неколку национални и меѓународни симпозиуми и конференции.
При секое појавување го привлекува општото внимание – со дискретниот филигрански изглед, секогаш внимателно заокружен, и со одмереноста на искажаните ставови, секогаш добро обмислени.
Пред некој ден на својот фејсбук профил сподели фотографии од семејството, од сопругот Стево и синот Огнен и притоа напиша: Моето сè
Од фотографиите може да се заклучи дека синот пораснал и неодоливо потсеќа на својот татко Стево, па и не се изненадување коментарите во објавата од типот Копи Стево, паст Огнен.