(ФОТО) Јанко Јади Бурек и беше гостин на Снеже Велков и во лице и кажа: Емисијава ви е како за седмо одделение
Јанко Илковски, познатиот „ток шоу“ ТВ водител нема кој не го знае. Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него и неговото шоу „Јади бурек“ со години. Кој со интерес, кој од интерес, кој од ст рав да не го спомне и стави на тапет.
Водителот Јанко Илковски кој јавноста го препознава како Јанко Јади Бурек е еден од најпознатите македонски ТВ и радио водител.
Илковски е роден 1962 година во Скопје, каде завршил основно и средно образование, по што се запишува на студии на Белградскиот Универзитет.
Контактната ТВ емисија насловена како „Јади бурек“, Јанко Илковски ја работи повеќе од десет години. Емисијата со тоа име, водителот Јанко Илковски ја работел на телевизиите: ТВ Скај, Наша ТВ, и ТВ Сител 3 и ТВ Сонце.
На социјалните мрежи секојдневно споделува по некој статус или фотографија па така и овојпат со прилог од тв вести без влакна на јазик.
Јанко беше гостин во емисијата Нешто конкретно со Снеже Велков каде најчесто се дискутираат теми од секојдневието поврзани со машко-женските односи, а овојпат темата беше Стара контра нова фраерска школа.
Како дел од емисијата се и прашања на кои треба да се избере одговор и да се прочитаат поговорки за што Јанко имаше што да и каже на Снеже:
„Емисијава ви е како за седмо одделение – со споменари пишување. И ти ќе дојдеш во емисија ама не е како кај тебе – мјау мјау, кај мене е ав ав“.
А на прашањето дали сака повеќе мазни дланки или полни усни кај жените Јанко не можеше а да не одговори: И двете.