Фуркан Салиу ги подбра Македонците со бугарски пасош: Изборот е едноставен, не мора толку да комплицираме
Уставните измени, поточно вклучувањето на Бугарите во Уставот, како што е веќе познато, гарантираат продолжување на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, процес за кој се проценува дека ќе обезбеди европска иднина на земјата.
Од отворањето на преговорите и почетокот на скрининг-процесот на политичката сцена се водат дебати за вклучување на Бугарите во Уставот.
Откако во Парламентот официјално беше почнат процесот на уставни измени, дискусијата што се води во јавноста, меѓу граѓаните, по маала и локали е дали опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за нив за да може Северна Македонија да оди без пречки на патот кон Европската унија.
Власта сепак ќе чека за уставните измени. И покрај повиците од опозиционерите, седницата да се закаже веднаш, сепак според собраниската агенда останува за 18ти август. Тогаш се враќаат пратениците од одмор.
Новинарот Фуркан Салиу повторно ги бранува страстите на социјалните мрежи со неговата последна објава во која што вели:
Изборот е едноставен, не мора толку да комплицираме. Како Македонци во Европската унија или со бугарски пасоши во ЕУ?