Херојски потег на ЕБР вечерва – спасени четири животи, меѓу кои и тригодишно дете
Полициски службеници спасија тригодишно дете и тројца возрасни кои беа заглавени на жичарата на Водно
Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје и Единицата за брзо распоредување денеска (25.11.2023) спасија четири лица,
меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, кои беа заглавени на жичарата на Водно, поради лошите временски услови и снемувањето на електрична енергија на жичарата.
Првично е пријавено дека лицата биле заглавени во гондола на жичарата, но потоа дошла електрична енергија и лицата стигнале до врвот на Водно,
но не постоела можност да се спуштат надолу поради невремето и немањето електрична енергија. Веднаш по добиената пријава околу 16 часот, полициски службеници од ЕИП и ЕБР преземаа активности за пронаоѓање и спасување на лицата, по што тие безбедно, во придружба на полициските службеници се спуштаат кон Скопје.