Херојство на Македонец во Србија: Спаси живот на татко и ќерка од Турција

На социјалните мрежи деновиве се врти објава за херојски потег на еден наш сограѓанин во соседна Србија.

Поточно станува збор за социјалната мрежа Х, односно поранешене Твитер каде во објава од профилот „ПозитиВ“ стои:

Овој твитерџија денес спаси татко и ќерка од Турција на пат помеѓу Пожаревац и Ниш.

Излетаа од патот на 200 метра пред нас. Искршив врати, ги извадив внимателно, ги смирував, чекав со нив и другите луѓе додека не дојде итна. Добро се, мали набиеници, немаа скршеници или рани.