Хрватите масовно доаѓаат во Македонија пореди една работа – кај нас го пронаоѓаат спасот
За 11 години од донесувањето на законот за вештачко оплодување, ниту едно лице во Хрватска не ги донирало своите jaјце клетки на неплодни парови, па тие одат во други земји да ги добијат, а на сметка на Хрватскиот завод за здравствено осигурување (ХЗЗО) , најмногу во Македонија и Чешка.
Од усвојувањето на Законот за медицинско потпомогнато оплодување во 2012 година, ниту едно лице не покажало интерес да ги донира своите јајце клетки или сперма, покажуваат податоците на Хрватското друштво за репродукција на луѓе.
Поради тоа, не заживеа ниту банката, а експертите причината ја гледаат во отсуството на финансиски надоместок на потенцијалните донатори, кои, освен тоа, не можат да бидат анонимни во Хрватска.
Хрватскиот завод за здравствено осигурување (ХЗЗО) соопшти дека лани одобриле 39 барања за донација на јајце клетка и 17 барања за донација на сперма, а неплодните двојки најмногу одат во институциите во Македонија, а нешто помалку во Чешка. Имено, овие земји немаат програма за донации и гамети банки организирани само за нивните граѓани.
Официјално не е познато колку хрватски парови одат на ваков третман на сопствен трошок, но до неодамна претседателот на Националниот совет, Велимир Шимуниќ, процени дека годишно од 200 до 300 парови одат во странство за да добијат донирана сперма или јајце-клетки.
За 56 предмети лани, ХЗЗО ги покривала трошоците за постапката на МПО во странство, како и трошоците за превоз, кои лани изнесувале околу 225.570 евра.