Цветанка од радовишко: Да ги вратам долговите за син ми и да умрам мирно покрај него -не ми треба живот без него
Цветанка Манчева од Ораовица во 1983 година се мажи во Подареш. Живееле хармонично и среќно се додека не се разболел синот. Учел во специјални училишта. Се жалел од депресија и стравови. Имал и отежнат вид. Цветанка има уште еден син, кој поради проблемите со сопругата морал да замине за Австрија каде не се решиле, туку напротив се продлабочиле истите. Поради тешкиот живот и стресовите бидејќи бил неосновано пријавен од сопругата-ќе каже Цветанка, во Австрија синот бил притворен, па потоа однесен во болница.
Таа не знае каде и се и внучињата. Најмногу тажи по нив, но и по синот Ване кој минатото лето пред нејзини очи починал. Ако беше болен, барем некој човек ми дишеше во куќа. Камо среќа јас да починев на негово место-додава таа. Починат и е и сопругот, па денес Цветанка тажи и жали сама, со надеж дека барем вториот син некогаш ќе го види. Да беше сопругот жив немаше да ме остави вака неподвижна во постела. Тешко во моментов на оваа тажна мајка и е што плаќала додека го лечела Ване и западнала во долгови, но не сака да умре со долгови кон државата. Болна е, има и шеќер, неподвижна е, а пензијата ја дава за подмирување долгови.
Нема како да купи лекови, нема ни за дрва, па седи во ладна просторија и дење и ноќе. Немала средства ниту за на гробишта кај синот. Не може да готви, јаде само ако и помогнат соседите, па затоа замолува за помош да ги подмири во болницата во Скопје долговите за Ване за да може што е поскоро мирно да легне покрај синот зашто нем волја за живот.
Семејството на Цветанка било складно и хармонично и не се надевала дека еден ден ќе моли за помош. Се започнало пред неколку години кога еден од синовите, Ване сеуште тинејџер почнал да се жали деке не се чувствува добро. Не сваќајќи ја ситуацијата сериозно состојбата му се влошила, го изгубил видот и западнал во депресија и анксиозност. Така живееле со години. Вториот син на Цветанка, Зоки се оженил со девојка од селото и се било во ред додека се забавувале, вели таа, но откако влегла во куќа почнале да и сметаат таа што е неподвижна, а деверот што е со посебни потреби. Во меѓувреме од тага и стрес починал и сопругот на тетка Цветанка. Бидејќи Зоки немал сила и храброст братот и мајката да ги даде во дом бил принуден да се раздели од сопругата, а потоа откако се смириле да се пресели во Австрија каде живее и денес, но сам без децата и сопругата туку во психијатриска болница.
-Животот никогаш не ми бил луксузен, но барем додека ми беше жив сопругот и синот живеевме во некој мир и хармонија. Детето Ване уште како мал не беше добар, па западна во анксиозност и депресија. Ние тоа не го свативме сериозно и работата му се влоши. Почна да го губи и видот. Летото му ја укинаа помошта за нега и го носев по шалтери. Последно му беше кога побара бурек и јогурт, излезе во дворот и паднажзапочнува низ солзи да кажува тетка Цветанка.
Најкобната работа за еден родител за тетка Цветанка се случила на 8 јули минатата година, кога синот што живеел со неа, Ване побарал да јаде бурек и јогурт и рекол дека ќе излезе во дворот. Таму добил мозочен удар и паднал. Една недела докторите во Скопје се бореле за неговиот живот, но за жал тој починал и ја оставил мајка си сама да тагува вечно по него. Цветанка немала пари ниту да го погребе, па соседите собирале пари за да и помогнат. На големите долгови за неговото лечење денес оваа тажна мајка од минималната пензија одвојува повеќе од половина за да подмири долг, остатокот го дава за лекови за да си ја олесни состојбата во која се наоѓа. А, за храна и дрва не и остануваат. Се што сакам ќе рече таа, да го видат Зоки и внучињата уште еднаш, да ги вратам долгвоите за лечењето на Ване и потоа мирно да легнам крај него.
-Минатото лето Ване ми ја скина душата. Викнаа соседите, додека го однесоа со брза помош во Скопје живееше една недела на апарати и толку му беше. Целиот се поду и ја испушти душата. Ме напушти мојот Ване-ќе рече тетка Цевтанка за нејзиниот тажен живот. Ако беше болен, барем некој човек ми дишеше во куќата.
И вториот син со проблеми со сопругата зашто не сакше да не даде мене и Ване во дом, замина за Австрија, таму му направи проблеми го пријави во полиција како ја малтретирал, што сигурна сум не е вистина и го затвориле. Од жал за децата син ми западнал во депресија и сега се лечи на психијатрија. И него не можам да го видам. При деца без деца сум. А, и Ване што го лечев западнав во долгови и сега од пензијата од 11000 денари сто евра плаќам за рата за долгот, другите ги давам за лекови. За храна ако остане или ако ми донесат соседите -вели оваа жена. Барем да ги вратам долговите за син ми и да умрам мирно покрај него. Не ми треба живот без него. Тажна сум и не сакам да живеам-ќе заврши таа за „Срце на дланка“.
Малку треба за едно срце да исполниме со среќа. Непроценливо е колку една човечка постапка може да повреди, но и да излечи нечија душа. Некои делчиња душата на тетка Цветанка со ништо не можат да се исцелат, но можеме да помогнеме барем околу оние останатите што со материјално можат да се потполнат. Враќање на долгот за Ване и еден метар кубен дрва за огрев е се што оваа немоќна жена посакува во својот живот. Зашто, во морето на животот чистиот образ и мирниот сон, не се само една капка. Тие се цело едно море!