ЦУК алармираше: Два големи пожари беснеат во Македонија
July 27, 2023
Центарот за управување со кризи пред неколку моменти се огласи со соопштение до јавноста во кое се вели:
Состојба со пожарите на отворен простор на ден 27.7.2023
Пожар кај месноста „Бојаџиева чешма -Штипско петле“, гори сува трева, но заради засилениот ветер пожарот се проширува и претставува опасност за околните куќи.
Интервенираат ТППЕ Велес со 10 пожарникари, 3 ПП возила и два камиона. Од РЦУК Велес се известени МВР СВР Велес и ДЗС Велес.
ТППЕ Штип од 10:50ч до 11:45ч интервенирале на пожар на отворен простор во атарот на с. Драгоево, о. Штип. Запалена е сува трева.
Во гасењето учествувале 4 пожарникари со 1 ПП возило и 10 од месно население.