Чичко Драги продава на тезга кај Рекорд и не може да зборува – негова сограѓанка објави апел за помош
Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниманието ми го зимаше тезгата на чичко Драги која беше во пролазот каде што е сега Министерство за правда…
Кога ќе дојдеше сонцето до тезгата сите ланчиња светкаа… во тоа време чичко Драги продаваше многу убави работи… годините си поминуваа тој остана на Рекорд, имаше денови кога трчав да видам дали му е добро…
пред некоја година во најголемиот снег ми кажаа дека е на операција на Уво нос и грло, земав такси и го побарав…
право налетав на докторот кој го познавам и ми ја покажа собата на Драги, тој па кога ме виде почна да плаче, почна да ми покажува со раце дека го оперирале и дека повеќе неможе да збори, поминуваа годините со лифчиња се разбиравме, ми пишува што му треба…
денес поминав да го видам бидејќи во среда си заминувам за Германија… ме замоли да му помогнете, што за него храна помека, што за кучињата или купете нешто од неговата тезга…
Секој ден е на Рекорд до 12.00 часот Ви благодарам на сите!!!