Член на семејството на Лазар Бараков спремен за заминување во Германија: Во оваа прoклетија нема љеб
Голем број генерации во Македонија израснаа со Македонски народни приказни, а и ден денес многу од нив се гледаат и по неколку пати.
Актерот Лазар Бараков, беше најпрепознатлив по улогите во Македонските народни приказни и секако еден од најомилените ликови.
Лазар Бараков кој е роден во Мокрино, Струмичко и долги години беше омилениот лик на Македонските народни приказни, заедно со Ѓорѓи Колозов, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски.
Лазар Бараков денес е во седмата деценија од животот, кој како што вели го натерал да работи најразлични работи, а никогаш да не се срами од тоа. А работата како и животот оставаат траги на сите нас.
Тој истакна дека нешто од внатре го терало да стане актер. „Моите родители мислеа дека студирам нешто друго. Арно ама, кога за првпат се појавив на еден бугарски филм, разбраа дека не сум тоа што требаше да бидам.
На приватен план, Лазар Бараков е среќен и горд татко на трите деца, кои не продолжија по неговите стапки, но сепак се успешни личности и пред се добри и воспитани деца.
Освен тоа, Бараков е голем љубител на домашни миленичиња, па неретко споделува моменти и фотографии од нив. За него, кучињата и мачињата се членови на семејството Баракови.
На неговиот Фејсбук профил, иако иронично, но вистинито, сподели спомен фотографија од неговото куче Лаки кое лежи во багажникот на автомобилот и напиша:
Нашиот Лаки , спремен за заминување, … дефинитивно во оваа Пр оклетија ., Нема Љеб !!!! како дополнување на споменот пред неколку години за кој напиша: И мојот Лаки спремен да бега за Германија,…