Што се случува со Македонија: По Борко, Столе,Манасков, сега и без Талески, но тоа не е се
Неубедливиот настап или благо кажано разочарувачкиот настап на Македонија на јануарското СП во Полска остана зад нас, но се чини иде потешко време за ракоментата селекција, своевремено гордоста на нацијата и синоним за успех.
„Црвено-жолтите“ ги очекува нови дуели од квалификациите за Европското првенство во Германија, а следен меч е дербито во групата на гости со Португалија.
Актуелниот селекто Кирил Лазаров денеска го собра тимот и почнуваат подготовки кои ќе се одвиваат во салите во Автокоманд и Борис Трајковски.
Но веќе се соочи со сериозни проблеми. Откако за мечот не ги повика искусните крила Гоце Георгиевски и Дејан Манасков од Вардар, сега остана без уште неколку играчи.
Имено Филип Талевски откажа поради семејни причини, а Еурофарм Пелистер не го пуши Павле Атанасијевиќ на собир. Но уште два ракометари од таборот на битолчани нема да се на располагње.
А тоа се искусниот пикер Жарко Пешвски и одличниот среден бек Марио Танковски кои кажале дека не не се подготвени да играт од здравствени причини.
Ако на ова се придодаде дека откако Кире Лазаров е селектор од селекцијата се откажа и Стојанче Стоилов кој се уште игра на високо ниво и сигурно можеше да понуди уште многу, а тука секако е и не повикувањето на Борко Ристовски, се наметнува прашањето. Што се случува со Македонија.
Дали навистина Кире е решен да направи голем рез и драстично подмладување или пак за дел од ова стојат и личните одлуки на ракометарите своеволно да не настапат останува отворено.