Јанко Јади бурек горд поради успехот на својот син Максим и тоа дури во Индија
Се чини нема човек во Македонија кој барем еднаш не слушнал за Јанко Илковски, познатиот „ток шоу“ ТВ водител.
Едни го обожаваат, други „очи неќат да му видат“, ама сепак сите го гледаат него и неговото шоу „Јади бурек“ со години. Кој со интерес, кој од интерес, кој од ст рав да не го спомне и стави на тапет.
Водителот Јанко Илковски кој јавноста го препознава како Јанко Јади Бурек е еден од најпознатите македонски ТВ и радио водител.
Освен што е успешен на професионален план каде што опстојува на малите екрани со децени, тој и на приватен план има со што да се пофали.
Тој е сопруг и татко , а членовите на неговата фамилија го прават особено горд, што се покажа и овојпат:
Браво Максим! Финалист на филмски фестивал во Индија…Индија. Земја која произведува филмови повеќе одошто цел свет заедно.
Очекував успех, ама таму, у тој епицентар на филмска продукција, да влезеш воопшто во конкуренција, па згора и финалист, респект.
Но на радоста на Јанко и синот немаше крај, па мораше да се огласи уште еднаш со најнови информации:
Победник, прогласен за најдобар студентски филм. Вчера ве информирав дека филмот на Максим влегол во финале и за нас беше чест и возбуда и мислевме дека тоа е тоа, номиниран ама ништо повеќе ни на сон.
Денес доби информација дека неговиот филм на филмскиот фестивал во Индија е прогласен за победник во категорија студентски филм, многу сме радостни, Максим Илковски.