Јелена Спенџарска: Изградив револт спрема тоа јас да бидам жена којашто му служи на мажот
Без сомнение Јелена Спенџарска е една од највпечатливите и најпрепознатливи ТВ лица во Македонија која е повеќе од една деценија во медиумскиот простор.
Нејзината харизма и позитивен дух ги разведруваат гледачите секојдневно во утринските емисии, па факт е дека има голем број обожаватели.
Уште повеќе знае да привлече внимание со нејзиниот модерен, но истовремено префинет стил, а неретко знае и да си поигра со смелите комбинации во повеќе бои.
Спенџарска беше гостинка во последната епизода од емисијата Нешто конкретно со Снеже Велков каде тема на разговор беше жената и нејзините обврски околу семејството, но и кариерата.
„Јас дека сум прво дете сум ја почувствувала таа љубов што се дава на дете. Јас сум била принцеза од дете.
Ние сме пораснати во други времиња каде што нашите мајки не одгледувале на многу поразличен начин. Ние сме имале подомаќински пристап, сме ги гледале нашите мајки како биле домаќинки, како работат.
Јас сум сфатила во животот дека јас не сакам да бидам тоа. Има луѓе коишто во тоа се претопуваат и тоа сакаат да бидат затоа што тоа го гледале.
Јас изградив некој рев олт спрема тоа јас да бидам жена којашто треба да му служи на мажот. Јас сакам да отскокнам.
Не сакам да бидам жена којашто ќе му ро бува на мажот и која ќе прави се што ке каже мажот во текот на животот.
Секако треба да се почитува мажот, но сега не е само тоа“, објаснува Јелена Спенџарска.