Јордан Митев се јави од Австралија и кажа зошто е таму
Кога станува збор за квалитетен глас, подготвен секогаш и сегде да направи растур од забава, тогаш сигурно прв на кого ќе ни текне е нашиот незаменлив Јордан Митев.
За Митев е познато дека свири на повеќе инструменти, како хармоника, пијано, кавал, гајда, а посетувал и часови за надградба и едукација на неговиот глас.
Веднаш по своето средно образование продолжува на факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот, „Музичка теорија и педагогија со народни инструменти”.
Кога Митев настапува забавата е неизбежна, а публиката во еден глас ги пее неговите песни. Нема сомнеж дека Јордан е број еден избор за македонските веселби и свечености.
Пред извесно време најави дека ќе одржи турнеја годинава во Австралија, но сите потребни информации ќе ги објави дополнително.
Вчера, Митев замина од Македонија и со авион одлета за Австралија, а поради многуте прашања кои се јавија по неговото заминување тој реши да појасни:
Почитувани, во Австралија сум дојден само за една приватна прослава и на неколку дена, концерти сега нема да одржувам.
Турнејата за Австралија е закажана од 15ти октомври и наскоро ќе бидат објавени сите датуми од закажанте концерти. Живи и здрави до тогаш. Поздрав до сите каде и да сте!