Ќерката на Јохан Тарчуловски првпат емотивно се отвори и прозборе пред камери: За мене тоа беше најтешкиот период во животот
Пејачката Соња Тарчуловска и нејзиниот сопруга, поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како и екс инспектор Јохан Тарчуловски важат за едни од најпознатите парови од јавната сцена.
Од 15 годишниот брак на Соња и Јохан Тарчуловски тие имаат три деца, Мелани, Младен и Јоана.Мелани е пејачка и има настапувано на домашни фестивали, а сето тоа со голема поддршка од мајка си, која оди со неа на настап и ја бодри од публиката.
Нема кој не слушнал досега за Јохан Тарчуловски и неговата животна приказна, а за тоа како се соочувале со ситуацијата за првпат прозборе и неговата ќерка.
– Ова е премногу емотивна тема за мене, не сум зборела досега со никого толку отворено. Не затоа што не сум можела.. веќе како поминува времето човек станува имун на многу работи и се навикнува.
Но, не сакав поради свои причини, едноставно сметав дека не сум спремна да зборам за таа приказна. Не е крај света, ама за мене тоа беше најтешкиот период во животот. Имав 40 дена, само што се родив и мајка ми како ми има кажувано, вика отишол да ми земе пелени и марамчиња.
И колку што разбрав по пат го имаа пресретнато и земено. Брат ми се роди после мене две години. Ние не знаевме каде е тој од прилика до пет шест мои години. На почетокот додека беше во Холандија бевме превише затворени, мене луѓето таму многу ме сакаат и стражарите.
Јас имав влезено кај камерите во затворот, мама викаше по мене ме бараше. Бев темпераментна, вели Мелани во шоуто Ти реков ми рече.