Ќе има летови од и до Македонија од нови дестинации и поголеми аеродроми – влегуваат и нови авиокомпании
Отворен е нов јавен повик за субвенционирање на авиосообраќајот со кој надлежните потенцираат дека сакаат да го доразвиаат авиосообраќајот во земјава со цел полесно поврзување со Европа.
– Објавивме нов јавен повик за финансиска поддршка за поддршка на воздушниот сообраќај, за квалитетен развој на цивилното воздухопловство, пониски цени за нашите граѓани, но и квалитет.
Овој повик е различен и тука може да се изберат нови компании со кои ќе се склучи договори и истиот е согласно регулативата на Европската унија. Јавниот повик е за период од три години, од 2023 до крај на 2025 година. За следната 2023 година во буџетот се предвидени 1,1 милион евра за оваа намена.
Условите таргетираат компаниите кои сакаат да бидат вклучени во субвенциите да имаат превезено 10 милиони патници во 2019 година, да имаат профит од 25 милиони евра истата година, да достават потврда дека и по завршувањето на поддршката ќе ја одржат линијата во ист период колку што е субвенционираниот период, во спортивно ќе бидат должни да ја вратат финансиската поддршка – објави денеска на пресконференција министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.
Тој потенцираше дека Владата е силно посветена на развојот на авиособраќајот со цел послесно да се по врземе со Европа. Дополни дека стратешка цел е да се искористат сите капацитите на аеродромите, но и повеќе дестинации за нашите граѓани.
– Освен во пандемијата, развојот на авиопазрот е во нагорана линија. Оваа година успеавме да се вратиме на нивото од 2019 година, досега се превезени над 2,3 милини патници, што не прави оптимисти дека можеме да го развиваме авиосообраќајот.
Одлуката за доделување на субвенции ќе зависи од дестинацијата која ќе биде понудена од авиокомпанијата, периодот на оперирање, број на летови, атрактивнсота на аеродромот кон кој се лета, како и бројот на седишта во авионите.
Планот е да добиваат по 7 евра во денарска против вредност по патник во заминување од аеродромот во Скопје, додека по 4,5 евра по патник во заминување од аеродромот во Охрид – потенцира министерот.
Бочварски посочи дека секоја нова дестинација од Охрид и Скопје, авиокомпанијата треба да ја опслужува два пати неделно, да има промотивен план и да доставува извештаи до МТВ.
Краен рок за достава на документацијата е 19 јануари до архивите на министерството. Отоврањето на понудите ќе биде на 21 јануари 2023 година.
Министерот не потврди ниту отфрли дали Луфтханза ќе добие субвенциии со оглед дека ги исполнуваат условите за учество на јавниот повик. Тој воедно не прецизираше дали Виз ер ќе добие повторно нов договор, туку посочи дека се ќе зависи од понудите кои ќе бидат доставени.
– За Луфтханза да добие субвенции, треба да се пријави на тендерот, за нас е значајно да го покренеме авиособраќајот. Од нашите два аеродроми дојдовме до 2,7 миони патници, што е голем напредок.
Што се однесува пак до договорот со „Визер“, тој е суспендриран, поради корона кризата беше стопиран, поради забраната за летови. Од средина на 2020 не им исплаќаме субвенции, што значи оперираат без нив.
Сметам дека сите авиокомпании треба да продолжат да оперираат, не само „Виз ер“, и убеден сум дека на овој тендер ќе се пријават голем број компании – дополни Бочаварски.