🎥На дедо Живко кокошката носи буквално шарени јајца: Вакво нешто досега се намаше случено
Веќе седум години чува кокошки и за првпат видел шарено јајце како да е боено. 71 годишниот Живко Џолев од Штип раскажува како на неговиот имот во село Карбинци, собирајќи јајца забележал дека едно од нив е неиобично, шарено и доста интересно. Вели знае од која кокошка е јајцето, но нејасноостанува како јајцето е така шарено.
„Ние има шест, седум години како се занимаваме со одгледување на кокошки, зајчиња, шатки и имаме до 40 јајца дневно. До сега не се беше случило вакво јајце да најдеме шарено, како да е обоено.“ – вели Џолев.
Џолев освен кокошки одгледува и зајци, а има и неколку други видови на птици. За него преставува задоволство секојдневно да ги храни, да ги чува и да се грижи за нив. Вели како дете од село за него не е тешко да го работи ова.
„Не е тешко, ама обврска е секое сабајле треба да дојдеш да ги нахраниш, вода да им ставиш, да исчистеш. Јас сум од село и мене ме влече таа работа и не ми е тешко да ја постигнеме целта.“ – вели Џолев.
Малку потешко е земјоделието, оти се зависи од климатските промени, вели Џолев. 200 дрва ореви и стотина дрвца лешници се само дел од она што го одгледува. Во неговата бавча во село Карбинци има и домати, краставици кои како што вели ги одгледува за себе и своето семејство.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Мнет.