🎥 Баба Милевка од Штип три дена ни крива ни должна е без струја: Ги молам од земја до небо да дојдат и да ми решат проблемот
Три дена Милевка Петкова живее на свеќа. Без нејзина вина,останала без струја.
-Работеа преку 20 души работници имаше, тој што го возеше багерот поминувајќи скинал жица, а мене не ми кажаа. Јас мислев од ЕВН ми исклучиле. Ми викаат бабо тебе струјата ти е пресечена, не исклучена.
Екипа на ЕВН дошла и вака ја советувала Милевка
-Од ЕВН ми рекоа направи си штендеро, ние ќе дојдеме ќе ти пуштеме струја. Јас од каде можам тоа да направам, нека дојде тој што го скина кабелот нека си направе.
Скромната пензија не може да го реши проблемот.
-Како да го платам јас тој дефект, со што, за што попрво тие 13.000 денари од пензијата.
Во меѓувреме, нашата соговорничка вака го поминува денот
-Ни перална да исперам алишта, ни шпоре да зготвам за јадење
Залихата на храна е расипана,а фрижидерот празен. Очајна, 74 годишната старица бара помош за својата мака.
-Замолувам ги надлежните да дојдат во пресрет да ми излезат и да ми пуштат струја, ги молам од земја до небо вели за ТВ Стар.