🎥 Вереникот на Мартина која загина во Грција со емотивно видо се прости од саканата
Ристе Илијоски, инаку познат поранешен фудбалер на Пелистер и Вардар периодов е во голема тага откако ја загуби вереницата Мартина во страшна сообраќајна несреќа во Грција.
Вчера Мартина беше испратена во својот вечен дом, а Ристе на социјалните мрежи сподели емотивно зборови:
-Пред се да се заблагодарам на огромниот број луѓе кои дојдоа денес да дадат сочуство до нашата Мартина и нашите семејства, бескрајно благодарен…
Се потрудив на крајот да одржам говор кој ја носеше оваа порака на Кристијан, порака кој секој треба да ја прочита, трогнат од нашиот настан, Кристијан и другите јавни личности а и медиуми можеби премногу чекаат вакви трагични настани за да се потсетиме на она старото, она бесплатното, она што со пари не се купува, тоа е толку едноставно а толку комплицирано денес, сите грешиме но мораме подобро, знам дека сето ова е свако чудо за три дана, но потрудете се да се сетите некогаш на овие зборови.
Се од ова што е набројано е БЕСПЛАТНО.
Мартина, не грижи се, твојата тивка мисија, ќе се потрудам јас да ја пренесам малку погласно.
Исто така ден претходно тој објави емотивно видео снимено заедно со Мартина