📷Албанецот кој ja пцуеше Македонија во нови проблеми- Русите му се заканија: Подобро да не се враќаш кај нас

Како што е понато албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку имаше излив на расистичка и шовинистичка омраза кон Србите и Македонците на ЕП, по натпреварот меѓу Албанија и Хрватска. Тогаш напаѓачот на Рубин зема мегафон и започнал со навреди и пцовки кон Србите и Македонците.

Даку беше суспендиран од УЕФА, а неговиот клуб Рубин му порача на Албанецот дека ќе биде строго казнет.

Таткото на фудбалерот, Фехми Даку, даде неколку изјави за руските медиуми барајќи милост за својот син. Иако Мирлинд Даку ниту за момент не се покаја за се што кажал против Србите и Македонците, неговиот татко вели дека му е жал и дека се чувствува лошо во моментов.

Но, по најновите вести кои излегоа од Русија, прашање е дали Даку воопшто ќе се појави таму. Имено, волонтерската бригада на руската армија наречена „Еспањола“, која ја сочинуваат навивачи на фудбалски клуб, му порачала на албанскиот играч и провокатор Мирлинд Даку да не се враќа во Русија.

Борците на руската армија, кои држат позиции околу Угљедар на бојното поле во Украина, објавија портрет на Даку со мета на лицето, со што му дадоа директен показател за тоа што го чека во Русија, доколку се врати во својот клуб Рубин од Казан.

Еве дел од изјавата на Еспањол во врска со Мирлиндо Даку, која ја објавија на нивниот канал Телеграм:

– Како што знаете, војната во Југославија во 1991 година започна со фудбалот. Модерната војна, која се води на територијата на поранешна Украина како дел од Специјалната воена операција, беше без фудбал, додека Еспањол не го донесе нашиот омилен спорт во Донбас. Сега кај Часово Јаро се играат сите најинтересни натпревари. Иако не следиме што се случува на ЕУРО 24, до нас стигнуваат некои вести. Десетици наши Старлинк врски на првите линии работат одлично. Така, бевме прилично шокирани кога слушнавме дека играч на Рубин Казан со албанско потекло, кој игра во нашата лига, имал дрскост да скандира преку мегафон и да повика на убивање Срби. Има нешто против сите наши балкански браќа… Еспањола се обраќа кон Даку. Ќе бидеме кратки. Подобро да не се враќаш во Русија! Нема повеќе извинување овде. Доцна е. Чао! – пишува во пораката до албанскиот фудбалер.