📷Пожар во црквата Светa Петка

Пожарникарите вечерва успеале да го изгаснат пожарот во црквата Света Петка, во кој изгорела внатрешноста на црквата.

Службата за заштита и спасување на Будва ја повикала полицијата да спроведе истрага со цел да се утврди како изгорела внатрешноста на верскиот објект, пишува „Подгорица вијести“.

Црквата Света Петка се наоѓа на обиколницата во Будва.

Како што пренесуваат тамошните медиуми во тек е увид на лице место.