📷 Страшна сообраќајна несреќа на Македонци во Србија: Загина мајката, таткото и децата тешко повредени

Во страшна сообраќајка кај Лесковац едно лице загина, а четворица се повредени, пренесуваат српските медиуми.

Несреќата се случила, според неофицијални информации, кога возачот изгубил контрола над возилото и удрил во заштитна шина, која потоа поминала низ возилото.

Во несреќата загинала сопругата на возачот која се наоѓала на совозачкото седиште, а покрај него се повредени и нивните две деца и една постара жена.

Станува збор за семејство од Македонија кое се враќало од одмор во Словенија.