📷 Утрово пронајдено и извлечено телото на младиот Скопјанец кој се удави во Дојран

Вчера (18.07.2024) во 10.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран машко лице од чамец скокнало во езерото, пливало неколку метри, по што се удавило.

Утврдено е дека станува збор за Д.М.(43) од скопско. Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето.

Утрово од ТППЕ Струмица информираа:

Денес 19.07.2024 година, (петок), во раните утрински часови тим од три пожарникари-спасители во Дојранско езеро учествуваше во пронаоѓање и извлекување на телото на давеник кој вчера се удавил во водите на езерото. Телото е предадено на надлежните органи.