Асибе од Скопје: Една колиба да имам, и залче леб,
Да не си го сакаш животот и годините, да се гушиш од проблеми и дење и ноќе, да молиш за корка леб за децата надвор додека тие спијат и за боца кислород во болница за да му купиш уште еден ден живот плус на своето дете. Таков е животот на 62 годишната Асибе Ракипи која покрај сите овие проблеми, веќе неколку години се мачи и со проблемот со струјата.
Откако нејзиниот поранешен сопруг како што вели таа донел струјомер со искористени киловати и долгот од потрошената струја од друг мора да го плати лично таа. Долгот изнесува 8000 евра што за неа е преголема сума, па од 2012 година живеела каде ќе стигне. Кога лани одлучила да се врати во куќата која сама таа ја изградила, иако со сеуште отворен долг за да не заврши на улица, за да преживее повикува човек кој и ја поврзува струјата. Повторно добива казна, овојпат од 400 евра и условна казна од една година за стореното кривично дело. Денес оваа жена, после сите бури, загуби и насилства кои ги доживеала низ животот ќе рече дека повеќе не и се живее ваков тежок живот. 43 години ќе додаде таа со семејно насилство, елементарни услови, казни и молби за парче леб од народот не е лесно да ги издржиш врз градите.
Една колиба барем да имам со струја и едно залче леб во денот доволно ми е да ја смирам душата. Затоа ќе каже:„Не плашете се од душманите, плашете се од оние кои сте ги мислеле за пријатели, зашто токму од нив го добивате најостриот нож во грбот„.
Хасибе е родена 1962 година. Учела само до четврто одделение зашто татко и веќе имал испланирано млада да ја мажи во странство. Сепак, таа по не своја волја во 20 година од животот била однесена во домот на сопругот во кој немало ниту вода, ниту струја. Згора на тоа, трпела и насилство од сопругот кој подоцна го оставила- низ солзи ќе додаде оваа жена. Родила четири деца, од кои едното на негови 16 години го губи, поради лошите услови во кои живееле дома. И, така повредена и ожалостена, откако го напуштила сопругот се согласила да и постават струјомер кој бил користен и со потрошени киловати, кој подоцна ќе и донесе и многу немир и проблеми во животот зашто киловатите што некој друг ги искористил и ги тарифирале неа и морала да плати долг од 8000 евра ако сака да продолжи да користи струја.
-Имам 62 години, ама последните 43 живеам пеколно. Родена сум и порасната во скопската населба Топанско Поле. Моите ме школуваа до четврто одделение. Татко ми не ми дадае повеќе да одам на училиште зашто решил да ме мажи во странство.Арно ама ме омажи во Бутел со човек чија жртва бев на семејно насилство.
Ме малтретираше и морав да го оставам. Родив четири деца и само јас знам како ги усчував без пари и храна. Додека тие спиеле, сум одела по продавници да молам за еден леб за да им натопам со шеќер. Ама смртта на синот кој ме напушти на 16 години ме изгоре. Поради лошите услови на живот, под влага и мувла се разболе и почина. Видов невидов, иако разведени му реков на сопругот да направи приклучок на струја. И, тој донесе струјомер со потрошени киловаи, што подоцн ЕВН ми ги тарифираше и сакаше да ми ги наплати 8000 евра, а јас ги немав потрошено. Тогаш заминав од тука и живеев кај ќе стигнам. Кај сестри, браќа, па подоцна и ќерката се вработи, па зема стан под кирија- се присетува Хасибе.
Откака лани ќерка и останала без работа немала можност да плаќа, па била принуена да се врати во собата во која нема струја. Сепак, одлучила да се приклучи, а во меѓувреме да оди во ЕВН и да склучи договор за да го решат проблемот. Но, бидејќи била пријавена како што вели таа од соседите, добила уште една тужба и условна казна затвор. Сега ќерката живее по пријатели и каде ќе се снајде, а Асибе во собата со влага и животните за кои дели од својата уста само за да има друштво. И, ќе рече не си ги сакам ниту годините, ниту животот, сакам само една нормална собра нека биде и колиба но, да избегам од овие луѓе околу мене кои ми го уништија животот.
-Лани мојата ќерка доби отказ и немаше можност како да ја плаќа струјата, па бевме принудени да се вратиме во ова соба каде не навраќаа многу лоши спомени. Сепак немавме избор. Ај си реков да се приклучиме на струја и веднаш ќе одиме до ЕВН за да го решиме некако проблемот. Ама соседите ме пријавиле и добив нова казна од 400 евра и условна казна затвор од една година. Некако ја платив паричната казна, ама еве сеуште немам струја и не знам како ќе живеам понатака. Ако ми верувате, ниту годините си ги сакам, ниту животот. Не можам да заминам кај ќерката која е мажена да ја видам и да си ги видам внучињата. Многу ми се напатени децата. Што имаат тое преживеано, ниедно дете да не види. Не смеам веќе да им нанесувам болка. Абе, една колиба да имам, и залче леб, само да се тргнам од оваа куќа која ми носи несреќи-ќе замоли оваа несреќна жена за Срце на Дланка
Големите луѓе не ги потценуваат другите. Тоа го прават само ситните души го зграбиле парче влијание или власт зашто ниту се чувстуваат сакани, ниту пак го знаат поимот ценење. Затоа кога ќе се најдете во ситуација некој да ве потценува и понижува, не возвраќајте им со иста мерка. Сожалете ги, зашто таквите луѓе се повеќе за жалење отколку вие. А, на оние повредните Бог ќе им даде сила и моќ да издржат преместувајќи ги од местото каде гледа дека не се посакувани.
Доколку сакате да помогнете на семејството на Хасибе тоа можете да го направите на нејзиниот телефонски број 078662661 или на нејзината жиро сметка 210501718257952.