82 годишната баба Шаклева од Штип низ солзи: Вработен во општината не нападна мене и синот, имам болк, а правда нема
Вработен во Општина Штип нападнал жител на општината и неговата 82 годишна мајка. Целиот случај започнал во дрвотор на Јордан Шаклев од Штип, окако дошоло до вербална расправија со неговиот сосед за проблем стар со години.
Пешачка патека, заграден премин и узурпација на јавна површина се проблеми кои не се решени со години наназад, па откако во неговиот двор дошле од општината да го опоменат, тој со документите отишол да бара правда. Во холот на општината настанот добил кулминација и завршил со физичка пресметка.
„Јас изреагирав буквално нервозно, бев повлечен тука на рацете, и на вратот, имам повреди по главата. За сѐ ова што го зборува има снимки, и полицијата е должна да ги земе камерите. 04.51 постапката. Кога дојдоа полицајците, мојата мајка лежеше на земја. Таму имаше и присутни сведоци, вработени во општината.“ – вели Шаклев.
Во просториите на општинскиот хол била и мајката на Јордан, 82 годишна жена која бараќји првда по општинските лавиринти се соочува со физички напад. Пред камерите на М-Нет телевизија со солзи во очите раскажува колку немила случка доживеала, додавајќи дека првда нема.
„Како ме удари сега, како ме бутна мене , сега овде ме боли, вратот ме боле, а јас сум жена со мозочен удар. На мене ми толку треба. Ете сега раката ми се укоче и не можам да ја соберам. Сега да сакам нож да земам не можам. Правда нема.“ – вели Шаклева.
Причинско последичен настан, вели Шаклев за случајот во општинската зграда. Вели дека треба да се реши проблемот со узурпација на државно земјиште од страна на приватно лице, а на случаите да се решаваат со физички напади. Додава дека заедно со неговата мајка правдата ќе ја бараат до крај.
Од општина Штип не сакаа да го коментираат случајот.