Од среда лични документи ќе се вадат и од Идризово
March 4, 2024
Веќе од среда граѓаните ќе имаат можност лични документи да вадат и во пункт штоп ќе биде отворен во Идризово. Како што денеска истакна министерорт, Панче Тошковски, таму ќе бидат сместени четири базни станици кои се префрлени од останатите градови.
Пункт ќе функционира во склоп на Центарот за обука во Идризово, рече Тошковски за Слободен печат.
– Во среда ќе се отвори нов пункт за вадење лични документи којшто ќе се наоѓа во склоп на Центарот за обука во Идризово. Пунктот ќе биде со четири базни станици кои се префрлени во Идризово од внатрешноста на државата.
Започнуваме со една смена, бидејќи за толку имаме обучен кадар, а ќе можат да се опслужуваат по 250 до 300 луѓе – изјави Тошковски.