Полицијата уапси жител на Слупчане: Илегално сакал да влезе од Косово, но тоа не било се кога му го отвориле возилот
March 7, 2024
Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен меѓу дугите настани го нотира и следниов:
-На 05.03.2024 во 18.35 часот, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север го привеле З.И.(49) од с.Слупчане, општина Липково.
Во наведеното време во село Злокуќане, општина Липково, полициските службеници запреле патничко возило „рено лагуна“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, при обид за илегално преминување на државната граница од Косово во Република Северна Македонија.
Додека, при преглед во возилото биле пронајдени повеќе производи за кои не поседувал никаква документација. Против лицето е поднесен соодветен поднесок.