Тони Михајловски затрупан со стотици честитки, па порача: Се надевам уште долго ќе ја носам
Актерот Тони Михајловски е добитник на актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2024 г
Михајловски над три децении е дел од македонскиот театар, филм и култура. Преку остварените ликови на сцената на МНТ и на други театри и ликовите пред филмската камера се испишува и голем дел на историјата на театарот и филмот кај нас.
Посветеноста, автентичноста и препознатливоста на Михајловски говорат за неговиот широк актерски распон и придонес на сцената, а истовремено и за секоја нова претстава/филм/серија. Тој е еден од најпопуларните и најталентирани актери во македонското глумиште. Со огромен одглас и вон нашата земја.
За тоа сведочат ликовите во 27 (дваесетиседум) претстави на сцената на МНТ и на други сцени, 46 (четриесетишест) ликови во филмови и ТВ серии во македонска и балканска продукција, како и 3 (три) режии. Не помалку се важни и неговите успешни реализации и работа во ТВ проекти и емисии, и како текстописец на бројни песни за голем број на пејачи и групи.
На ова се огласи и самиот Тони Михајловски кој прими стотици честитки за признанието, па популарниот Шанац преку својот фејсбук порача:
Голема чест ми е да сум носител на награда со такво големо име. Благодарам на Велес и на колегите кои одлучија јас да се вбројам меѓу лауреатите. Се надевам уште долго ќе ја носам