Кривична за хакер од Пехчево: Две години си пазарел со туѓи платежни картички
April 11, 2024
Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше во својот дневен билтен меѓу другото и за настан во кој што се вели:
-Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против З.К.(59) од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во текот на 2021 и 2022 година, пријавениот во 61 наврат преку компјутерски систем извршил различни трансакции со платежни картички на друго лице.
Повеќе детали засега за случајот не се откриваат.