Десетмина од Куманово кои ја славеа победата на Швајцарија против Србија завршија во полиција
Полицијата на информативен разговор повикала 10 кумановци кои на 2 декември до доцните часови ја славеле фудбалската победа на Швајцарија против Србија на Мундијалот во Катар.
Од прекршочните казни до кои дојде Алсат, станува збор за прекршоци од типот: „непочитување на полициски наредби во сообраќајот“ и „запирање на возило на крстосница“.
Некои од нив можат да бидат казнети и поради „ом аловажување на полицаец“. Од МВР велат дека казните не се за луѓе кои славеле, навивале и марширале низ градот, туку за лица кои ги прекршиле сообраќајните правила додека се движела толпата и кои се спротивставиле на полициските наредби додека управувале возила.
„Повикани се 10 лица бидејќи е констатирано дека сториле прекршоци како непочитување на сигналот за стоп нареден од полицијата и непочитување на полициски наредби.
По извршениот информативен разговор сите лица се пуштени на слобода и по документирање на случајот ќе се постапи согласно законот“, наведоа од МВР.
Ваквите казни достигнуваат од 180 и 250 евра. Дел од граѓаните одбиле да платат и ќе одат на суд. Пријавените се револтирани бидејќи според нив, ова е полициска од мазда како резултат на последните случувања во Куманово, како и појавувањето на хул игани со маски и ладно ор ужје.
Слични прослави имаше и во други градови, вклучително и во Скопје, но МВР досега немало преземено слични мерки како овие во Куманово.