(ФОТО) Пожарникари Пехчево се пофалија: Добивме голема донација – комбе ТАМ

Како што е познато неодамна Пехчево го доби првото доброволно противпожарно друштво, кое беше промовирано на градскиот плоштад.

Именот Општината Пехчево е една од ретките кои немаат професионална пожарна, недостаток кој најмногу се виде пред една година кога во Малешевијата имаше пожари.

Па така група на граѓани го формираа доброволното друштво под името „Пехчевски пожарникари“ кое веќе опстојува и дејствуа на терен.

Тие често преку социјалните мрежи известуваат за донациите кои што ги добиваат, а таков беше случајот и неодамна кога преку својот фејсбук профил напишаа:

Денес ја добивме една од нај големите донации Комбе ТАМ за потребите на ДПД Пехчево. Огромна благодарност до сопственикот на БИ ГРУП 18 Пехчево. Александар Ѓорѓиевски Џуза и целиот работен персонал .