Големата балканска ѕвезда наместо да дојде на настап во Македонија заврши во болница
July 8, 2024
Викендов во Кратово се одржа манифестацијата „Златни денови Кратово 2024“ на која настапија голем број на домашни музичари, а како ѕвезда на фестивалот беше најавена хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ.
Таа требаше да одржи концерт во саботата, но како што информираа од организацијата, не дошла во Кратово бидејќи била хоспитализирана.
– Договорениот настап на Данијела Мартиновиќ ќе биде реализиран во друго време, од причина што хрватската ѕвезда не успеала да го доведе до крај и својот синоќешен настап (во петокот) и е хоспитализирана. Причина е силна настинка.
На Данијела и посакуваме што поскоро закрепнување, соопштија организаторите на настанот.