Вардар не се шегува – лансира трансфер бомба: Пристига екс играч на Црвена Звезда

Вардар го засилува нападот со бивши играч на Црвена Звезда

Како што дознава @mfl.mk „црвено-црните“ наскоро ќе го засилат нападот со 30-годишниот австриски интернационалец со српско потекло, станува збор за Срѓан Спиридоновиќ.

Спиридоновиќ во Скопје доаѓа од кувајтски Ал-Салмија, каде беше член изминатите шест месеци.

Покрај Кувајт има настапувано и за клубови од Австрија, Италија, Грција, Полска, Турција, Литванија, Саудиска Арабија и Србија.

Спиридоновиќ во кариерата бил шампион на Австрија со Австрија Виена во 12/13 сезона и со Црвена Звезда бил шампион на Србија во 20/21 сезона.