Откако Министерот Љутков најави реконструкција на „Заливот на коските“ се огласи Розман кој пред некој ден се искрши цела на оваа локација
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, со в. д. директорот на Заводот и музеј – Охрид, Горан Патчев, направи увид во состојбата на Музејот на вода во Охрид, и со жалење констатира дека целиот музејски комплекс изгледа прилично запуштено и неодржувано, а тоа е потврда дека бил целосно заборавен во изминатите години.
Најавувајќи брза реакција за санација, министерот Љутков истакна дека во наредниот период Охрид ќе стане центар со 365 денови културен туризам.
„Ќе развиеме програма со многу културни и едукативни содржини и ќе го промовираме Охрид како Сесловенски духовен културен центар“, изјави министерот Љутков при денешната посета на Музејот на вода, кој е еден од најатрактивните и најпосетени локалитети во Охрид, каде што се спојува убавината на природата со нашето културно наследство.
По ова на социјалните мрежи се огласи македонската мисица Емилија Розман кој пред некој ден токму на оваа локација преживеа пад од 7 метри и притоа искрши 11 ребра и ги оштети белите дробови.
-Ете другари и тоа ви го средив. Наредна локација за кршење ребра? Идеи некои, нешто? – цинично порача Розман.