Срце планина: Зоран својата куќа ја поклони на децата на кој најмногу и е потребно
Дека хуманоста и добрината на луѓето се уште не е исчезната и постои говори примерот на Зоран Коциќ, кој направи потег за восхит.
Имено тој ја подари својата викенд куќа на Фрушка Гора од 100 метри квадратни на Националното здружение на деца заболени од рак.
Куќата моментално е во фаза на реновирање и се надеваме дека наскоро ќе може да ги смести најмалите кои се бо рат со оваа бо лест.
Зоран Коциќ е оженет и живее со сопругата Софија во мал стан во Нови Сад од мала пензија од само 15.000 динари и е задоволен.
За порталот ,,Еспресо” Зоран изјавил дека куќата ја подарува затоа што не сака да ја продаде, поради споменот на по чинатиот татко со кој во 60-тите години изградиле викендица
Поради лошата здравствена состојба, Зоран не ја посетувал оваа викендица во последните 9 години, па оваа градба пропаднала.
Но по објавувањето на веста во медиумите, многу луѓе доброволно се пријавиле да помогнат во поправката и реконструкцијата на викендицата.
– Нема имотот да го носам на другиот свет, се останува тука, а кога останува не смее да се дозволи да остане така запустено.
– Кога ќе видиш нечија насмевка тоа те исполнува и ти дава многу енергија. Во животот сум видел многу работи и сум бил на многу места но овој чин не го заменува ништо, додава тој.
За својот несебичен и необичен чин Зоран имал само две барања, куќата никогаш да не се продава и да се постави плоча на влезот за да се знае дека е подарок од него и од татко му Јован.