Дарко Панчев тажен како никогаш досега: Немој да се лутите, но едноставно немам сила да зборувам
December 16, 2022
Денес регионалните, но и светските медиуми во пресрет на финалето на СП во Катар ја дочека и тоа како ожалостена вест.
Како што е познато попладнево се упокои Синиша Михајловиќ, прославениот фудбалер и тренер кој три години наназад имаше тешка бо лест.
Поранешниот македонски фудбалер Дарко Панчев ја делеше соблекувалната со Михајловиќ во Црвена Звезда и беше добар пријател.
Тој се македонските медиуми доцна вечерва се огласи со кратка изјава по која што се гледа колку му е тешко.
„Немој да се лутите, никогаш не бегав од разговор. Не знам, не можам. Ме погоди многу оваа вест, ова е ка тастрофа. Што да ви кажам? Едноставно немам сила да зборувам, жал ми е што нè напушти“, вели Панчев за Спорт1.