Германските деца нема кој да ги учи – голем недости и на наставници
Вчера започна учебнаката години во Македонија и во многу други држави со што учениците повторно се вратија во клупите.
Но голем дел првачиња, но и останати ученици од Македонија своето образование го следат во Германија каде што живеат.
Но и таму не цветаа рози. па така од 1.500 испразнети наставнички позиции во Саксонија, само 1.024 биле пополнети. Наместо 329, во средните училишта се пријавиле само 186 нови професори.
Недостигот од наставници е голем про блем и за средното училиште во Вилсдраф. Курсот по историја првично се откажува за еден час бидејќи наставникот е бол ен.
Дури и родителите се замолуваат за помош. Во писмото до Советот на родители, директорот на училиштето прашува:
„Дали има родители/членови на семејството кои би можеле да размислат за часовен надзор за пониските одделенија?“.
Саксонскиот министер за образование Кристијан Пиварц (ЦДУ) го призна огромниот недостиг на наставници во Саксонија. Државниот завод за образование, пак тврди:
„Наставата во гимназијата Вилсдраф се одвиваше според планираното“. Директорот само ги „сензибилизирал родителите да посредуваат кај заинтересираните“ кои би можеле да помогнат како дел од целодневната понуда.