(ВИДЕО) Митко Јанчев се качи во автобус, го фати воланот и го провозе, па ги израдува своите граѓани
Првиот човек на Општина Кавадарци Митко Јанчев иако поради својата фунцкија има доста обврски, сепак наоѓа време и е посветен семее човек.
Градоначалникот на Кавадарци ,Митко Јанчев знае често да го привлече вниманието на јавноста, особено на граѓаните на Кавадарци, кои велат дека се задоволни од неговото работење
Јанчев по многу нешта е поразличен и поуникатен градоначалник од останатите свои колеги, а важи за човек кој ужива голема доверба.
Јавниот градски превоз во Кавадарци станува реалност. Вчера беа претставени четири нови автобуси кои со постоечките четири кои ги има општина Кавадарци, ќе извршуваат градски и приградски превоз.
Градоначалникот Јанчев и претседателот на советот д-р Рамов изразија задоволство од тоа што се реализира во општината еден нов проект кој ќе им овозможи на кавадарчани безбедно патување по ниски цени. Половина од цената на билетот е субвенционирана од општинската каса.
Екипа на регионалната КТВ вчера имаше можност да присуствува на првото пробно возење, на еден од новите автобуси, кое го направи градоначачникот Јанчев, кој поседува возачка дозвола и за управување автобуси.
Па така лично Митко се качи во автобусот, го фати воланот и го провозе возилот низ улиците на Кавадарци.