Ивица Коневски доцна вечерва со последно збогум за својот драг пријател и сопартиец
Поранешниот градоначалник на Општина Аеродром и еден од најуспешните први татковци на општин од редовите на ВМРО ДПМНЕ вечерва се огласи на својот фејсбук профил каде напиша:
Со огромна т ага ја примив веста за см ртта на мојот драг пријател и колега Петре Латиновски.
Денеска нè напушти првиот градоначалник на Општина Бутел. Петре беше голем човек во секоја смисла на зборот. Човек со огромно искуство кој со неизмерна посветеност и труд направи многу за Општина Бутел и за Град Скопје.
Делата твои и спомените за тебе ќе живеат вечно. Поч ивај во мир Петре.
Петре Латиновски беше прв градоначалник на Општина Бутел во периодот од 2005 до 2017 година. На функцијата е избран на локалните избори во 2005 година.
Роден е во село Радишани. Дипломирал на Природно математичкиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј, отсек географија. Од 1978 до 1999 г. работи како професор во ДСУ за економија и биротехника „Арсени Јовков”.
Од 1999 до 2003 г. бил директор на истоименото училиште. Во 2005 г. станал градоначалник на Општина Бутел и бул на функцијата сè до 2017 г. кога бил пор азен од својот противкандидат од редовите на СДСМ, Велимир Смилевски на локалните избори таа година.