(ФОТО) На маката се познаваат јунаците – Полски полицајци со голем потег за македонски навивачи
Машката репрезентација на Македонија Мундијалот ќе го отвори со еден од главните кандидати за медал, селекцијата на Норвешка.
Мечот започнува од 20:30 часот, а на трибините во салата Таурон во Краков се очекува голема поддршка од навивачите на Македонија, познатата фаланга.
Организирано, со автобуси и комбиња, но и приватни автомобили веќе истата замина и поголем дел веќе е пристигнати.
Како наближува мечот, полека но сигурно ќе се групираат во фан зоната и атмосферата ќе се загрева.
Оние што тргнаа со автомобили извозеа 1500 километри, по исклучиво тежок пат поради временските услови, снег, мраз и магла.
Утрово едно (не) пријатно искуство имала група македонски фанови кои со автомобил тргнаа на пат.
„Имено, на 50 километри пред Краков ни се ски на предната десна гума од автомобилот. Безбедно застанавме и се тргнавме од патот.
Со оглед на тоа што имавме само резервна гума, но не и клуч и дигалка, решивме да стопираме некој автомобил, за да ни помогне. Но никој не сакаше да запре.
Кога полека губевме надеж, наиде полиција, немавме избор, па ја стопиравме. Застанаа, излегоа полицајците и им објаснивме што се случило.
Тие рекоа дека имат дигалка, но немат клуч за одвртување на штрафовите кои го држат тркалот. Па реши полицијата еден по еден да ги стопира автомобилите кои што поминуваа, со цел да пронајдат клуч.
Па така наиде еден постар господин, кој имаше и го даде клучот. Иако полицајци, тие сами решија да ни ја променат гумата и да ни посакат пријател престој во нивната држава. На крај како благодарност направивме една заедничка фотка како успомен“ вели Дејан за нашиот портал.