Роберто од светиниколско: Највеќе од се сакам да оздравам, со бато спиеме надвор од куќата, ако има некој да ни помогне да направиме две собчиња
25 – годишниот Роберто Митев од светиниколско Павлешенци и неговото семејство живеат на работ на сиромаштијата. Без основни услови за живот, без купатило, а камоли нешто повеќе.
Младиот Роберто реши да се обрати до емисијата Срце на дланка и да побара помош од хуманиот народ.
– Па ете, куќата ни е распадната веќе, не се живее. Мајка ми не може, ни гледа, јас не сум добар со здравјето. Имам вадено од белите дробови вода и сега имамм нешто проблеми и со срцето.
Не сум спремен за физичка работа. Ако има некој добар народ да помогне, барем две соби да направат зашто куќата веќе ќе падне. Ѕидот е испу кан, тече од сите страни.
Имаат само една соба во која не го собира целото семејство – него, брат му и родителите. Тој и брат му се принудени да спијат надвор од куќата која може да им се нарече дом.
Чуваат кози и две крави. Освен платата што ја зема брат му друг приход немаат, едвај го поминуваат месецот.
– Најголемата желба ми е да оздравам и да имам две собички, како и секој што има и јас да имам, како секој нормален човек.
Неговиот татко додава дека на времето подобро се живеело, земале барем социјално можеле да сврзат крај со крај. Покрај бо леста на Роберто и сле пилото на неговата мајка најголемата не среќа им е см ртта на двете крави кои го носеле единствениот приход.
И тој и брат му се во години и веќе размислуваат да оформат свое семејство, но со оглед на тоа каде и како живеат ниту една девојка не би дошла со нив.
Доколку сакате да им помогнете на Роберо Митев и неговото скромно семејство тоа може да го направите на телефонскиот број Роберто Митев 078509171 или на жиро сметката