Ибрахим останал без татко, сам се грижи за мајка си и сестрата, а луѓето го исмеваат
Ибрахим Махалбашиќ (14) живее во Нови Травник и иако на прв поглед изгледа како обично дете, во него всушност е зрел човек од чија мудрост и поглед на животот секој од нас би можел да научи нешто.
Животот не го негувал откако татко му по чинал пред девет години, а сега живее со мајка си и сестра си на селскиот имот за која главно се грижи сам. Семејството живее од додатокот за деца, а дополнително самиот Ибрахим заработува аргатувајќи кај соседите.
– Имам по некоја нива обработлива земја, давам се од себе да ги работам, но моментално работам само една, кога би имал трактор би било многу полесно.
Не престанува да зборува за тракторот како најнеопходна алатка и за својот неостварен сон, а бидејќи мајка му никаде не работи, Ибрахим после училиште оди и помага кај соседите и така вади некој денар.
– Носам дома пари, што треба да купам – купувам. Вложувам паметно. Малку по малку се се остварува, вели Ибрахим кој додава дека морал да ја продаде кравата што ја имало семејството бидејќи не можеле да се грижат за неа.
– Ја продадов кравата, морав да ја продадам. Живееме како што можеме, тоа е тоа. Не трошиме на глупости, попрво ќе си купиме брашно отколку некоја глупост. Сега маслото поскапе, но за среќа, имам доволно брашно и масло – вели момчето.
– Повеќе сакам да поминувам време надвор отколку дома. Сакам да пешачам, понекогаш одам во шума, носам дрва дома. Тоа е многу корисно. Сакам и коњи и кози, овци, бикови, вели тој.
Покрај тракторот, вели, дека би сакал и крава за да може да ужива во млечните производи, можеби да заработува од нив, но има еден проблем – нема штала да ја вдоми.
Ветува дека ќе учи и ќе заврши училиште, бидејќи без тоа, вели, нема работа во фирма, но иако има само 13 години, веќе добро го анализира светот околу него и знае како да живее.
– Ги гледам момците по 25, 26 години одат долу и пијат кафе по цел ден, тракторот им стои така во дворот и не работат ништо.
– Тргнуваат по лоши патишата, секојдневно се по кафеани и прават проблеми, тоа едностано не ти треба, и јас сакам да одам во град, но се во свои размери. Исто така и коцката е сериозен проблем, наместо да инвестираат во нешто тие ги трошат залудно парите, вели ова младо момче.
По една година, а по реакциите за неговиот начин на зборување, новинарот на „Средње Босна данас“ повторно отишол да го види ова мало момче. Тој во таа прилика накратко рече дека не му е важно што зборуваат.
„Не ми е гајле што зборуваат и ме исмејуваат, според мене тоа како јас зборувам не е за потсмев, и секој има право на свое мислење, на крај господ гледа се, вели Ибрахим.