Илина Арсова не можеше да се воздржи: Длабоко сум разочарана и скршена
Илина Арсова важи за една од најпознатите македонски ликовни уметници која воедно е и докажана скијачка и планинарка.
За нејзе е познато дека основното и средното образование ги завршила во Скопје, а во 2005 дипломирала на Факултетот за ликовна уметност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, во класата на Рубенс Корубин и Јован Шумковски.
Во 2005 станува член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а преку уметноста подолго време ги претставува загадувачките навики и човековите интервенции врз природата, обидувајќи преку визуелен креативен израз да допре и делува врз подигнување на еколошката свест кај народот.
Во 2008 година магистрирала на Јазици, бизнис и меѓународна трговија на Универзитетот Св Кирил и Методиј и Универзитетот Орлеан (Франција). Како ликовен уметник реализира над десет самостојни изложби во Македонија и во странство, а учествува на истакнати групни изложби и биеналиња.
Од 2006 година почнува посериозно да им се посветува на планинските спортови (планинарење, алпинизам, слободно скијање, летање, качување по карпи и планински велосипедизам).
Во периодот од 2006-2016, Илина Арсова успева да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти. Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина Арсова станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест.
Она што ја потресе јавноста пред извесно време е дека Џамбазов и Илина по долгата и среќна врска се разделија затоа што далечината си го направила своето.
Инаку, Илина се наоѓа во Ноксвил, Тенеси каде добила престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси.
Арсова е секојдневно активна на социјалните мрежи, а овојпат сподели нешто коешто за неа е разочарувачки:
„Длабоко сум разочарана и скр шена од сообраќајната култура на студентите околу кампусот и од екстремно неразвиената инфраструктура за пешаци и велосипедисти во Тенеси.“