(ФОТО) Екс министерката Нина Ангеловска кажа да – го покажа вереникот
Нина Ангеловска е добро познато име и презиме на македонска јавност, а најмногу ја препознаваат како поранешна министерка за финансии.
Таа е соосновач и била на чело на првата платформа за зделки и водечка компанија за е-трговија во Македонија, Групер.мк, лансирана во 2011 година што го трансформирање пазарот за е-трговија.
Ангеловска се школувала во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што дипломирала и магистрирала на насоката Е-бизнис на Економскиот факултет.
Ангеловска докторирала во 2016 година во областа на менаџмент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Во август 2019 година, Ангеловска била назначена за министер за финансии во Македонија функција каде што остана една година пред да ја наследи Фатмир Бесими.
Поранешната министерка за финансии, Нина Ангеловска веќе подолг период како се повлече од политичките води и јавноста и поради тоа ретко имаме прилика да ја видиме каде е и што прави, но се уште се занимава со бизнис и е-трговија.
Откако се тргна од активната политика Нина се посвети на спорт каде што се почесто можеме да ја видимие на маратони и полумаратони во Македонија, но и во земјите од странство.
Од неодамна Ангеловска почна да споделува моменти и со нејзиниот партнер, па во последната Инстаграм објава од десетина слики Нина ги објави среќните моменти со партнерот, а сега ја официјализирале врската, па Нина го покажа прстенот.
Инаку, станува збор за познатиот доктор Виктор Станков.