Стојаноска-Пешовска даде објаснување зошто млекарите во Македонија ги поскапеа цените
Во последно време се почесто наидуваме на нови, зголемени цени на млекото и млечните производи во продавниците, што секако не наидува на одобрение кај купувачите.
Па така цените на млекото и млечните производи во моментов се поскапи и од некои соседни држави, но и западно европски држави.
Многумина потрошувачи се прашуваат што толку влијаело, па цените да скокнат висока, но сега пристигна објаснување.
Цветанка Стојаноска-Пешовска од Здружение на производители и преработувачи на млеко и млечни производи во емисијата 24 Отворено истакна дека повеќето млекари работат со загуби и откупната цена за сточарите последната година е зголемена за 50%.
– Секоја млекара си има свој бизнис и ја формира откупната цена на млекото. Млекарите се истрошено, собираат сили да го поминат овој период и ние сме партнери сме со млекопроизводителите.
Голем удел има и разликата помеѓу откупаната и производната цена и струјата и 90% од производната цена зависи и од струјата.
Млекарниците плаќаат 500 евра за киловат час во споредба со Србија каде има гарантирана цена од 95 евра. Земањето млеко од фарма додека стигне до продавниците има трошоци. – рече Стојаноска-Пешовска.