Горан Пандев по крајот на кариерата откри каде ќе живее со семејството и што ќе прави

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев неодамна објави дека ја завршува фудбалската кариера како играч. За македонската репрезентација настапуваше повеќе од 20 години. Но од ФФМ не го удостоија да го испратат иако тоа го направи цела Европа, па и поширокот.

-Луѓето ја препознаваат мојата вредност иако има и такви кои ја игнорираат Се надевам дека добро ја претставував Македонија и на сите им благодарам што ме поддржуваа, вели Горан Пандев, доскорешен фудбалски репрезентативец во Студио 10 на ТВ24.

ФФМ не се издригна и не успеа да направи подвиг да го одбележи натпреварувачкото пензионирање на Горан Пандев.

-Тоа стана приватна фудбалска федерација и мислам дека ако нешто набргу не се промени, не само што нема да напредуваме како репрезентација туку и ќе назадуваме, коментира Пандев.

Циклусот натпревари во Лига на нациите помина ло шо за македонската репрезентација. Пандев вели дека селекторот има свои успеси, како што се издигнувањето на Елиф и Барди, но сепак на натпреварите во Лига на нациите немаше препознатлива и тактичка игра.

Според него, селекторот треба да понесе одговорност и за успесите и за неуспесите на тимовите.

-Јас не сакам да се мешам во политички работи, а кај нас во Македонија во сѐ има политика. Веројатно затоа играчите и заминуваат. Но, таа атмосфера ја создва ФФМ. Сите го знаат тоа, но никој не сака да излезе и јавно да го каже тоа, вели Пандев.

Пандев вели дека во секоја федерација и во секој тим има и добри работи и проблеми, а проблемите се решаваат со разговор. Меѓутоа, вели Пандев, кај нас не се седнува да се дебатира за македонскиот фудбал и репрезентација. – Потребни ни се луѓе кои сакаат да успеат во спортот, заклучува Пандев.

На личен план Горан Пандев со семејството планира да остане во Џенова, Италија. Професионално планира да се посвети на проект за унапредување на „Академија Пандев“ и поддршка на младите фудбалери.